Реал Мадрид подготвен да одвои 35 милиони евра за Куртоа

Реал Мадрид подготвен да одвои 35 милиони евра за Куртоа

Реал Мадрид подготвуваат понуда во висина од 35 милиони евра за услугите на голманот на Челси, Тибо Куртоа.

Белгиецот ја доби наградата за најдобар голман на штотуку завршениот Мундијал. Куртоа прими само пет гола на турнирот и заслужено беше избран за најдобар пред Уго Лорис и Џордан Пикфорд.

Марка објавува дека Куртоа не планира да го одработи до крај неговиот договор со Челси, а Кралевите ќе направат напори набрзо да го донесат поранешниот голман на Атлетико Мадрид кој во неколку наврати изјавуваше дека му недостасува Мадрид, а му претставува товар и тоа што децата му живеат во Мадрид, па не може да ги гледа често. Ваквите најави би можеле да значат дека Куртоа е пред потпис со актуелниот европски владетел.