Ова лето европскиот првак не донесе ниту едно големо засилување. Затоа во таборот на кралскиот клуб на големо се подготуваат за нови атрактивни трансфери.
Еден од потенцијалните нови играчи е Рахим Стерлин, англискиот репрезентативец кој е член на англискиот првак Манчестер Сити. Но, играчот и клубот ги замрзнаа преговорите за нов договор.
Стрелинг има уште 18 месеци од важешкиот договор и бара зголемување на платата повеќе од тоа што го нуди клубот. Целата ситуација ја следи Реал Мадрид и според најави можно е направи обид за ангажман на Стерлинг веќе во јануари.
Фудбалерот во Манчестер Сити дојде од Ливерпул во 2015 година за сума од околу 64 милиони евра.