Реал Мадрид испратил понуда до Челси за Еден Азар!

Реал Мадрид испратил понуда до Челси за Еден Азар!

Екипата на Реал Мадрид откако пред неколку дена го врати за тренер Зинедин Зидан, не чека премногу да губи време, па веднаш започна да го склопува тимот за следната сезона.

Во текот на вчерашниот ден од кралскиот клуб стигна потврда за официјализирање на првото засилување за следната сезона во името на Милитао од Порто.

Веќе денес пристигнува нова информација кој вели дека Шпанците испратиле и прва официјална понуда до Челси за услугитие на Еден Азар. Истата е во вредност од 80 милиони евра што е цифра која не го задоволува клубот од Стенфорд Бриџ од каде што очекуваа барем 100 милиони.

Од друга страна, Челси ризикува да остане и без овие пари сооглед на тоа што договорот на Белгиецот истекува на лето во 2020 година, по што може да си замине како слободен фудбалер.