Реал ја одреди цената за услугите на Варан!

Реал ја одреди цената за услугите на Варан!

Италијанскиот хегемон Јувентус се обиде повторно да пазари во Реал Мадрид, но овојпат наиде на цврст отпор од кралскиот клуб.

Откако лани го купи Кристијано Роналдо за 117 милиони евра, Јуве доби желба да го донесе и незадоволниот Рафаел Варан. Одговорот ги шокираше сите во Торино.

Цената за францускиот репрезентативец изнесува 500 милиони евра што е нонсенс дури и за многу поголеми играчи од Варан. Ако Реал не попушти во своите барања, Варан уште долго време ќе го носи белиот дрес иако не е многу среќен во Мадрид.