Разводот помеѓу Џоли и Пит ќе се финализира за неколку недели

Разводот помеѓу Џоли и Пит ќе се финализира за неколку недели

Актерската двојка Анџелина Џоли (42) и Бред Пит (54) разводот го најавија уште во септември 2016 година, а по долготрајната судска битка, наводно постигнале договор околу старателството над шесте заеднички деца – Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (11) и близнаците Вивиен и Нокс (9).

Бред, сепак, ќе може подеднакво како и Анџелина да поминува време со децата.

 

– Бред и Анџелина спогодбено ги договорија и другите услови за разводот. Се ќе се финализира за неколку недели. Тоа е голем пресврт, имајќи предвид дека актерката беше мошне остра во правната битка и не сакаше Бред да учествува околу воспитувањето на децата – рекол извор близок на двојката за британски „Сан“. Тој додал дека двајцата заглучиле дека поради децата битно е да имаат пристоен однос.

– Клучната работа е дека се согласуваат со делењето на старателството. Се шпекулираше дека разводот ќе се поништи, но тоа не е ни блиску до вистината – рекол извор близок на поранешните сопружници.
Бред повеќе од една година оди на терапија секој ден за, како што вели, да закрепне од мачниот развод.
– Првенствено оди на семинари каде што учи како да биде подобар татко и човек генерално. Кога е со децата, Бред не излегува многу од дома, бидејќи сака се да остане приватно. Тоа е неговото засолниште. Би сакал да може со нив да поминува многу повеќе време – рекла изворот.
Во меѓувреме службите го истражуваа случајот кога Бред наводно бил насилен кон нивниот син Медокс во текот на летот со приватниот авион, но актерот беше ослободен од обвиненијата.

Оскаровецот призна и дека алкохолизмот станал негов главен проблем.

– Не се сеќавам на ниеден ден, откако излегов од факултетот, а да не пиев алкохол или да не запалев џоинт. Кога создадов семејство со Анџелина, се откажав од сите пороци освен од алкохолот – рекол Бред.
Наводно тие лоши навики и лошиот однос со децата пресудиле да се стави крај на бракот со Анџелинa. Холивудскиот актер поради се одлучил и, како што тврди, да помине една година во целибат. Имајќи предвид дека поголемиот дел од животот го помина во врски, сега посакал да биде соло.

Старателството над децата беше главна точка на разводот меѓу Анџелина и Бред кои поминаа повеќе од 10 години во врска, од кои две години во брак. Својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година. Анџелина прво бараше целосно старателство над децата. Законот во Калифорнија преферира заедничко старателство, иако често се случува родителите да се договорат меѓусебно.

Неодамнешниот развод на неговата прва сопруга Џенифер Анистон (49) и Џастин Теру (46) поттикна шепекулации за повторното зближување на бившите сопружници кои се повторно слободни. Портпаролот на Џенифер тврдењата дека Бред бил нејзино „рамо за плачење“, веднаш ги негирал.