Лиснатите триаголници со јаболка се идеален десерт за сите оние ситуации кога сакате да приготвите нешто брзо, а вкусно.
Потребни состојки:
- 500 гр. лиснато тесто
- 4 јаболка излупени и исечкани на коцки
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка мелен ѓумбир
- 2 лажици путер
- 4 лажици шеќер
- 8 лажици џем од кајсии
Начин на подготовка:
Јаболката испржете ги на путер. Додадете ги шеќерот, циметот и мелениот ѓумбир. Мешајте константно и гответе околу 10-тина минути.
Расукајте го лиснатото тесто и пресечете 8 еднакви коцки. Секоја коцка на едната страна премачкајте ја со џем од кајсии и ставете од изладениот фил. Со помош на дланките притиснете го едниот крај за да оформите триаголник. Постапката повторете ја и со другите парчиња лиснато тесто и преостанатиот фил.
Премачкајте ги со жолчка и шеќер. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-тина минути.