Раста има нова девојка

Раста има нова девојка

Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста по разводот со пејачката Ана Николиќ наводно запловил во нова љубовна врска.

Неговата нова избраничка е Лена Чолак, пејачката од „Ѕвездите на Гранд“, но се обидуваат романсата да ја скријат од јавноста.

Лена е дел од тимот на продукциската куќа чиј што член е и Раста, па сè почесто се сретнувале и настапувале заедно. Родителите на Лена не би ја поддржале оваа врска затоа што Раста го бие лош глас, но ни раперот не би сакал да се дознае за неговата афера“, открил извор близок до парот.

Раста не бил достапен за изјава по повод овие прашања,  додека, пак, Лена открила дека не сака да го коментира својот приватен живот и признала само дека е во контакт со Раста.

Фановите пак, велат дека Лена е многу поубава и позгодна од неговата поранешна сопруга.