Рамстор Мол – вистинска празнична магија за вас и вашите најмили

Рамстор Мол – вистинска празнична магија за вас и вашите најмили

Оваа година Рамстор Мол е омилено место за сите посетители. Во прекрасен новогодишен амбиент кој навистина остава без здив, Рамстор Мол ви овозможува уникатно шопинг искуство како да сте во некоја бајка.

За време на новогодишните празници во Рамстор Мол започнуваат предновогодишните попусти, а ја имате и “Новогодишната елка на желби” во соработка со Црвен Крст на Град Скопје каде сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица и верувајте ни, нема поубав подарок за секој од нас од искрена насмевка кај децата. Акцијата ќе трае од 02.12.2019  до 28.12.2019 година, а на 30.12.2019 дечињата ќе ги добијат своите подароци.

Не ја заборавајте и големата наградна игра во која доделува нов Форд Екоспорт автомобил. Се што треба да направите во периодот од 16.11 до 16.01 е да пазарувате во продавниците во Рамстор Мол и со секоја сметка над 1000 денари да учествувате во наградната игра за нов автомобил. Потоа вашата фискална сметка да ја приложите на официјалниот пулт на Рамстор Мол со што ќе добиете купон кој треба да го пополните и да го ставите во среќната кутија. Извлекувањето на добитникот на автомобилот е закажано на 17.01.2020 година.

Ве чекаме сите во Рамстор Мол на предновогодишно уживање исполнето со многу забава, шопинг, награди и хуманитарни акции со цел да ги направиме овие празници вистинска магија за секој од вас.