Рамос жестоко му возвратил на Перез пред своите соиграчи

Рамос жестоко му возвратил на Перез пред своите соиграчи

Болната елиминација од Ајакс во Лигата на шампионите беше последниот тежок удар кој го заработи Реал Мадрид оваа сезона, а како што информира угледниот мадридски весник АС, истиот предизвика и бурна реакција од претседателот Флорентино Перез која не наишла на одобрување кај најважниот играч во тимот.

Серхио Рамос самостојно се избриша од реванш дуелот со Ајакс и тоа се покажа како погрешна и кобна одлука за составот на Сантијаго Солари, но сепак капитенот бил тука за своите соиграчи по крајот на мечот и се симнал во соблекувалната за да ги утеши за тешкиот пораз од 1:4. Реномираниот АС денеска се повика на свои инсајдерски дојави и обелодени дека во соблекувалната на Реал се симнал и претседателот Перез, а иако првично почнал мирно да им се обраќа на играчите, во продолжение го повишил тонот и почнал да ги осудува за недостатокот на посветеност и желба на теренот. Првиот човек на клубот почнал да ги доведува во прашање и слободните денови кои ги добиваат од Солари, по што свој настап имал капитенот кој доста жестоко му возвратил на Перез и го посочил него како главен виновник за ужасната сезона поради лошиот план и трансфер политика изминатово лето.

Плати ме и ќе си одам, – му порачал лутиот Рамос на Перез во жестоката расправија, а во продолжение додал.

Јас давам се и го оставив срцето за овој грб, за овој клуб, па дури и за тебе, – му се обратил Серхио на претседателот пред сите играчи во соблекувалната, по што следела повеќечасовна дискусија меѓу Флорентино и неговите помошници за тоа како Реал ќе ја доврши сезоната.