Рамос: Фокусирани сме на реваншот со Баерн

Рамос: Фокусирани сме на реваншот со Баерн

Серхио Рамос на пресконференција пред натпреварот во ЛШ, во полуфиналниот реванш против Баерн, потенцираше како ќе играат и како ќе му пристапат на натпреварот.

Реал победи на Алијанц Арена пред една недела со 2:1, но сигурно дека актуелниот европски шампион во ЛШ со големо внимание ќе стартуваат и во реваншот бидејки ја познаваат добро како опасна екипа е Баерн Минхен.

Ја научивме својата лекција од четвртфиналето и знаеме како да пристапиме кон нашиот противник. Не треба да го губиме вниманието. Најважната работа е да останеме фокусирани. Натпреварот мора да го почнеме како да е резултатот 0:0 во Минхен – истакна Рамос.

Тој потенцираше дека не планираат да го прават фамозниот шпалир во чест на Барселона и нивната шампионска титула.

Доколку ние ја освоиме ЛШ, нашата сезона ќе биде подобра од нивната, единствено може да направиме шпалир само ако Зидан го бара тоа од нас. Неговите зборови за нас се закон – се надополни Рамос.