„Рамбо” добива петто продолжение!

„Рамбо” добива петто продолжение!

Филмскиот хит „Рамбо“ ќе добие ново продолжение.

Силвестер Сталоне ги израдува сите обожаватели на славниот акционен класик, кога на својот Instagram профил го објави официјалниот постер за петтото продолжение на филмот „Rambo“.

„Рамбо 5“ би требало да се појави во кино салите во некој момент од 2019 година, а на постерот, кој актерот го објави се гледа силуета од злогласниот херој како забива со нож во земја.

„Нешто злобно се подготвува овој пат“, напиша Сталоне во описот на фотографијата.

… Something wicked is coming this way!

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Не е познато дали актерот ќе се врати во улогата режисер за овој филм, во однос на тоа дека моментално е зафатен со многубројни други проекти.