Ракел ја испраќа својата љубов Иван Ракитиќ на Светско во Русија

Ракел ја испраќа својата љубов Иван Ракитиќ на Светско во Русија

Шпанката Ракел му посакала среќа на својот сопруг на претстојното фудбалско првенство и објавила две фотографии, каде на првата парот заљубено се гледа, а на втората  го покажала своето фит тело и разголениот задник.

30-годишниот Иван Ракитиќ и неговата атрактивна сопруга, 28-годишната Ракел Маури, не ја кријат својата љубов и често објавуваат приватни фотографии на социјалните мрежи.

Шпанката вчера ги објавила нивните заеднички фотографии од плажа и му посакала на својот сопруг среќа на претстојното фудбалско првенство во Русија.

На првата фотографија парот заљубено се гледа и се држи за раце, додека другата е нешто попровокативна и на неа парот страсно се бакнува, а Ракел во атрактивно бикини го покажала и разголениот задник.

Иван и Ракел се во брак од 2013. година и се родители на две ќерки, 4-годишната Атлеја и 2-годишната Адара.

Нивната љубовна приказна започнува во 2011. година, кога Ракитиќ преминал од германски Шалке во шпанска Севиља. Фудбалерот не знаел ни збор на шпански, а јазикот почнал да го учи преку песните на Давид Бисбал. Открил и дека првата песна што ја научил на шпански јазик се вика “Принцеза”, а токму така Ракитиќ ја нарекува својата сопруга денес.

Кога пристигнал во Севиља, секој ден одел во кафулето за да ја гледа убавата келнерка. Токму таа непозната келнерка подоцна станала негова сопруга и мајка на нивните девојчиња.