Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли на премиерата на филмот Тивко место

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли на премиерата на филмот Тивко место

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли прошетаа на црвениот килим на премиерата на филмот Тивко место, како би ги подржале своите пријатели Џон Красински и Емили Блант кои ги толкуваат главните улоги во овој филм.

Овој познат пар се појави на премиерата во Њујорк, а на фотографите позираа со насмевка на лицето. Актерката носеше сукња со кожна маичка и високи потпетици, додека актерот се одлучи за морнарско сино одело со кафена кравата, а изгледот го надополни со очила.

Ова е прво појавување на парот во јавност, откако актерот минатиот викенд се пошегува дека му треба малку време за себе. Ако се верува на изворите блиски на парот, тие двајца никогаш не биле посреќни.

Нивниот брак е стабилен и ретко гледаме луѓе кои се толку заљубени едни во други – тврди изворот.