Рафа ја жени љубовта од своето детство

Рафа ја жени љубовта од своето детство

Следниот месец се очекува на Мајорка да пристигнат повеќе од 500 поканети гости на венчавката на Рафаел Надал.

Тениската ѕвезда и неговата љубов од детството, Мери Парело, ќе го споделат овој скапоцен момент со повеќе од 500 поканети гости, објавиле од шпанскиот ТВ канал Телекинко.

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кике Дакоста, известила новинарка која го следи шоу бизнисот и додала дека 30-годишниот тенисер ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои што е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.

Телекинко не го откри точниот датум на венчавката, но излегоа гласините дека двократниот победник на Вимблдон можеби ќе го пропушти овогодишниот турнир за да ужива на својот меден месец – иако Ролан Гарос, турнирот кој Рафаел Надал досега го има освоено дури 11 пати, ќе биде одржан од 26-ти мај до 9-ти јуни, додека пак за венчавката определен е терминот од 10-ти јуни до почетокот на јули.

Тенисерот, ваквите претпоставки не ги коментираше. Рафа и Мари Парело се забавуваат веќе 14 години.

Бринетата ја напуштила работата во осигурувањето за да може да го води проектот во фондацијата Рафа Надал, хуманитарна организација основана пред речиси 10 години. Таа изгледа на многу повлечена личност која не сака да се експонира.

Родниот град на Рафа, Манакор во Мајорка, е наведен како можна локација за одржување на нивната венчавка.

Тениската ѕвезда за „Оla!“, во март минатата година изјавил дека сака да основа семејство и дека тоа го има во план, исто така дека сака да има деца. „Би сакал во животот да го прават тоа што го сакаат“ – изјавил Надал. После шпекулациите за неговата венчавка, тенисерот објавил дека минатата година во март ја запросил својата девојка на патувањето во Рим.