Работна маса од соништата

Работна маса од соништата

Grovemade Desk Collection е линија на стилизирани дрвени аксесоари за работни маси дизајнирани од Џо Менсфилд и Кен Томита од команијата Grovemade.

Големиот број на аксесоари можат да се најдат изработени од три вида дрво: орев, бука и бамбус и се карактеризираат со едноставни линии и минималистички дизајн.

Нивната главна примена е организација на работниот простор меѓутоа тие освен својата функција ќе го разубават вашето биро и ќе додадат современ изглед на истиот.