PS5 ги носи и култните игри од постарите конзоли

PS5 ги носи и култните игри од постарите конзоли

Дека “Sony” на големо работи на петтото издание на славната конзола, повеќе не е никаква тајна.

Моментално се оди кон тоа дека лансирањето на новата генерација конзоли ќе се случи некаде на есен 2020-та година.

Неодамна дознавме и дека “Sony” веќе работи на подготовка на неколку ексклузивни игри за PS5, бидејќи, да бидеме реални, тоа е тоа што продава конзоли и тоа поради што PS4 толку доминирал во оваа генерација.

Уште една убава вест ни дојде овој викенд, и тоа пред официјално да биде најавен PlayStation 5. Имено, “Sony Japan” регистрирал патент кој овозможува непречена компатабилност меѓу PS5 и постарите конзоли.