Првиот трејлер за филмската верзија на дизниевиот хит „Кралот лав“

Првиот трејлер за филмската верзија на дизниевиот хит „Кралот лав“

Еден од омилените цртани филмови од Дизни ќе добие филмска верзија.

На големото платно, следната година, ќе започне да се прикажува филмот „Кралот лав“, а сега беше објавен првиот официјален трејлер.

Во видеото е прикажана најпознатата сцена, кога мудриот мајмун Рафики, качен на карпата, го претставува Симба пред насобраните животни.

Бијонсе го позајми својот глас за Нала, Доналд Гловер за Симба, Чуетел Еџиофор за Скар, Сет Роген за Пумба и Били Ејкнер за Тимон.

Погледнете го трејлерот: