Првиот трејлер за Black Widow

Првиот трејлер за Black Widow

Главната приказна за Avengers можеби е финализирана во Avengers: Endgame, но првиот трејлер за Black Widow со Скарлет Јохансон излезе.

Предвидената продукција ќе нè запознае со крвавото минато на Наташа Романоф. Настаните се случуваат во период од две години (во универзумот на „Марвел“) помеѓу Captain America: Civil War и Avengers: Infinity War.

Скарлет Јохансон е една од последните оригинални одмаздници што доби соло проект. Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс и Крис Хемсворт глумат во свои продукции (Iron Man, Captain America и Thor соодветно), додека Џереми Ренер има своја серија (Hawkeye) на Disney+. Марк Руфало е единствениот член на одмаздниците што не може да има свој филм, бидејќи Universal Pictures ги поседува правата на секој, чијашто главна улога ќе биде Hulk.

„Црната вдовица“ ќе го означи почетокот на Фазата 4 на „Марвел“ кога ќе дебитира на 1 мај 2020 година.

„The Eternals“ ќе следи на 6 ноември.