Првата А Сlasѕ слезе од производната лента

Првата А Сlasѕ слезе од производната лента

Во фабриката во Раштат започна сериското производство на новата генерација на компакниот хечбек на „Mercedes“.

Компанијата уште во март започна да прима нарачки за новата „A Сlasѕ“, која во Германија чини од 30-тина илјади евра, а сега и официјално го стартуваше сериското производството на овој модел.

Првите примероци слегоа од производната лента во погонот во Раштат, градче одалечено 80 km од Штутграт.

Раштат не е единствената локација на која ќе се изработува четвртата генерација на „Mercedes A Сlasѕ“, со оглед дека за неколку недели ќе почне производството на овој автомобил и во Кечкемет, во Унгарија.

Хечбекот, кој светската премиера ја имаше на почетокот на годината, е првиот од неколкуте модели нови генерации на „Mercedes“ возилата со погон на предните тркала, базирани на „MFA“ механичката платформа.

Наскоро се очекува премиера на „A Сlasѕ Sedan“, a нова верзија потоа ќе добие и актуелната „B Сlasѕ“, купе лимузината „CLA“ и кросоверот „GLA“. „Mercedes“ на платформата „MFA“ ќе базира уште неколку автомобили, а меѓу нив е целосно новиот кросовер „GLB“.

Погонот во Раштат, во кој од 1997-ма се изработува првата генерација на „A Сlasѕ“, и натаму ќе биде водечка фабрика кога станува збор за компактните модели на овој производител.

Инаку, „Mercedes“ во Раштат од 1992-ра направи вкупно 4,7 милиони возила. Се предвидува наскоро во истиот погон да се составуваат и моделите на струја на „Mercedes“.