ПРВА DJ РАБОТИЛНИЦА ВО ЈАВНА СОБА

ПРВА DJ РАБОТИЛНИЦА ВО ЈАВНА СОБА

Шест неделна DJ работилница за прв пат ќе се одржи во срцето на Скопје под менторство на Дарко Степиќ (Д2/RBMA/Течна кујна – Канал 103), HyperTech (D2 / Течна Кујна-Канал 103).

Овој необичен спој на креативноста и создавањето на музиката од “скреч” ќе биде отворен за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за музиката, DJ-ството и работата со грамофони.

Сесиите се предвидени да се одржат два пати седмично (вторник и четврток) со термин од 18 до 21 часот, со програма која последователно ќе води до DJ сет кој ќе го направат најуспешните.  

Програмата на оваа работилница се состои од: Вовед во DJ-ство и запознавање со музичка структура, запознавање со DJ опрема и совети за правилно користење, запознавање со повеќе музички стилови (drum`n`bass, dubstep, hip hop, techno, house…), демонстрација на грамофони, CDJи и Serato, непречено вежбање со DJ опремата и градење сет преку советување и упатства од менторите, дружење и споделување искуство со DJ гости, Вовед во скреч и со DJ настап на крајот од програмата за најуспешните.

Работилницата започнува на 31.01.2019 година, а е во организација на Јавна соба и D2

Бројот на учесници е ограничен, а пријавувањето може да го направите на tamara@publicroom.org