,,Proud” се искачи на 7-то место

,,Proud” се искачи на 7-то место

Сосема неочекувано,  вчеравечер на официјалната страница на Евровизија, европската радиодифузна унија објави грешка во гласањето и коригирани резултати кои се однесуваат токму на македонската песна „Proud“ и Тамара Тодевска.

Имено, во соопштението се неведува дека имало грешка во белоруското гласање на жирито. По ревидираните резултати, нашата песна е прогласена за прва од гласовите на стручното жири од 41 земја која гласаше на финалната вечер.

Ова исто така влијаело и на финалниот пласман на Македонија, со што наместо осмо место, сега и официјално се искачивме една позивција погоре, односно првпат на Евровизија стоиме на 7-мо место. По ваквата објава се огласи и Тамара на социјалните мрежи и вели дека сега е уште посреќна.

Каква прекрасна вест. ЕБУ само што ни потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите! – пишува Тамара на својот Инсатграм профил.