Просечна, но сепак совршена

Просечна, но сепак совршена

Наташа Вагнер (35) е манекенка од Лос Анџелес, а веќе 14 години работи како фит модел за најпознатите брендови на фармерки, што значи дека фармерките се произведуваат според обликот на нејзиното тело.

Taa веќе со години соработува со брендовите “7 For All Mankind”, “Paige Denim”, “Levi’s”, “Citizens of Humanity’.

“Наташа има совршени облини, а идеалните пропорции се важни, ако сакате да направите добри фармерки кои ќе одговараат на различни видови на градба” – изјави Џенифер Де Кларк од “7 For All Mankind”.

Манекенката, инаку носи фармерки број 28, а на производителите им одговара што таа е слаба, но и што има и облини.

“Фармерките кои изгледаат совршено на слаби луѓе, никогаш нема да изгледаат толку добро како на девојка која има облини” – изјави Наташа.