Пронајдени се делови од исчезнатиот авион на фудбалерот Емилијано Сала

Пронајдени се делови од исчезнатиот авион на фудбалерот Емилијано Сала

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Велика Британија објавија дека на плажа на северозападниот дел на Франција се пронајдени делови од седишта за кои се верува дека му припаѓаат на исчезнатиот авион во кој се наоѓаше Емилијано Сала и неговиот пилот.

Авионот Piper PA-46 исчезна помеѓу Франција и Англија кога Сала се враќал на островот, а авионот исчезна од радарот во близина на островот Елдерни во Англискиот залив. После три дена истрага, но неуспешна, спасувачките служби се откажаа сметајќи дека повеќе не постојат шанси дека пилотот и фудбалерот преживеале.

Семејството на аргентинскиот напаѓач сепак ја продолжи истрагата, а доби и голема помош од бројни светски фудбалери кои собрале околу 300.000 евра за приватна истрага.

После повеќе од седум дена, на плажата во близина на францускиот град Суртаинвил, 60 километри западно од Каен, испливале делови од седишта за кои се верува дека му припаѓаат на исчезнатиот авион.

“Предметите се најдени во краток временски период и според првиот преглед утврдено е дека тие му припаѓаат на исчезнатиот авион”, објави денес британската агенција за цивилно воздухопловство, а додале дека ќе покренат и потрага за авионот на морското дно во соработка со приватната истрага кој ја покрена семејството на Емилијано Сала.

Да се потсетиме, Сала во трансфер вреден 17 милиони евра премина од Нант во Кардиф, а само три дена подоцна, откако отишол да се поздрави со поранешните играчи, авионот во кој летал под непознати околности исчезна помеѓу Англија и Франција.