Продолжуваат проблемите во шпанскиот табор

Продолжуваат проблемите во шпанскиот табор

Шпанија вчера беше изненадена со тоа што Жулен Лопетеги беше промовиран во нов тренер на Реал, за денеска да дојде уште еден, поголем шок.

Федерацијата на Шпанија потврди дека му доделува отказ на Лопетеги и дека на негово место доаѓа легендата на шпанскиот фудбал, Фернандо Јеро.

Дел од играчите на Шпанија, кои не се фудбалери на Реал, со негодување реагирале кон своите сонародници од Реал Мадрид, поради тоа што зад грб им ја криеле националната тајна со селекторот.

Па затоа дел од јавноста во Шпанија очекуваше некој поголем играч да искоментира, односно капитенот Серхио Рамос од Реал Мадрид.

Тој притоа одговори доста оскудно и дипломатски.

Ние сме екипа која ја претставува својата земја, боите, го претставуваше штитот и наклоноста. Одговорноста и пожртвуваност се од нас за вас. Вчера, денес или утре, сите заедно – беше пораката на Рамос.