Пристигнуваат црвен iPhone 8 и iPhone 8 Plus

Пристигнуваат црвен iPhone 8 и iPhone 8 Plus

Пристигнуваарт нови црвени модели од компанијата Apple за својот паметен телефон iPhone 8 и iPhone 8 Plus.

Како што беше случај со минатогодишните модели на iPhone 7, Apple и оваа година соработува со организацијата Product (RED) која се бори против ХИВ и СИДА во Африка, а одреден дел од приходот од продадените паметни телефони на компанијата ќе се подари во добротворни цели. За разлика од iPhone 7 кој имаше бел преден панел, црвениот iPhone 8 добива преден панел во црна боја.

Product (RED) iPhone 8 и iPhone 8 Plus ќе им се придружи на постоечките модели во сива, сребрена и златна боја. Минатата година Apple ги намали цените на црвените модели iPhone 7 и 7 Plus откако во септември беа претставени iPhone 8, iPhone 8 Plus и iPhone X, така што новите црвени модели би можеле да се најдат во продажба за помалку од 6 месеци.

Apple ќе започне да прима нарачки од 10-ти април, а испораката ќе започне во петок, на 13-ти април. Цената останува иста и изнесува 699 долари за моделот iPhone 8 со 64 GB внатрешна меморија и 799 долари за iPhone 8 Plus.