Жозе Мурињо одново би можел да добие отказ и тоа овојпат од страна на Тотенхем.
Португалскиот тренер не верува дека тимот е во криза и тврди дека неговите фудбалери знаат што да направат до крајот на сезоната и доколку се случи Мурињо да си замине, веќе има замена за него. Се работи за младиот Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг. 33-годишниот Нагелсман има репутација на еден од најдобрите млади тренери на денешницата.