Пристигнува премиерата на новото продолжение за легендарниот Рамбо

Пристигнува премиерата на новото продолжение за легендарниот Рамбо

“Rambo: Last Blood”, петтиот и последен филм во серијалот, би требало да биде премиерно прикажан на 20-ти септември 2019 година, а неговата продукција ја потпишува “Lionsgate”.

Филмот го следи легендарниот Рамбо кој во ова продолжение патува за Мексико за да ја врати киднапираната ќерка на неговиот пријател, а на тоа патување набрзо се сретнува со еден од најнасилните мексикански картели.

Снимањето на филмот Сталоне го најави во 2015 година, но производството започна дури во октомври 2018 година. За режија на новото продолжение е задолжен Адриан Грунберг.

Сценариото на филмот е напишано од страна на Силвестер Сталоне и Мат Цирулник, кое го следи последниот филм од серијалот Рамбо објавен во 2008 година.

Ивет Монреал ја глуми киднапираната девојка Габриел, додека Паз Вега ја игра Кармен Делгадо, репортерка која ја следи трговијата со дрога во Мексико и му помага на Рамбо. Серхио Перис-Менчета ќе го глуми Хуго Мартинез, насилниот лидер на мексиканскиот картел, а во “Rambo: Last Blood” се очекува да се појават и Адриана Бараза, Оскар Џаенада и Хоакин Косио.