Пристигнаа првите модели есенски џемпери

Пристигнаа првите модели есенски џемпери

Есента се приближува и не поттикнува да погледнеме во сегашните високи улични колекции на познати брендови кои веќе ја покажаа својата есенска визија за модата. Имено, со лесни палта и чизми до глуждот, есенското парче – џемпер е неопходно!

Есенските денови се најчесто оние во кои комбинираме подебела и потенка облека, поради што лесните џемпери се идеален избор. Комбинациите што ги обожаваме се дефинитивно оние што ги вклучуваат вашите омилени фармерки. Се разбира, за да може комбинацијата да биде стилска и разиграна, предлагаме да се одлучите за впечатливи патики или чизми.

Што се однесува до боите не се откажуваме од светлите бои кои ќе даваат секој ден допир на спокојство и ќе не потцетуваат на летото, но сепак тука се и есенските нијанси. Акцентот е ставен на минимализмот и елеганцијата, но и на текстурите кои даваат на секој стил динамика и посебна модна нота!