Пристигна првиот трејлер за научнофантастичната драма “Lucy In The Sky”

Пристигна првиот трејлер за научнофантастичната драма “Lucy In The Sky”

Пристигна трејлерот за научнофантастичната драма “Lucy In The Sky” во која во главната улога ќе се најде Натали Портман.

Новото филмско остварување на режисерот Ноa Холи ја претставува приказната за астронаутката Луси, која по вселенската мисија започнува полека да губи врска со реалноста. Иако Рис Витерспун, извршна продуцентка на филмот, била првобитно замислена за оваа улога, таа ја добила Натали Портман. Покрај неа, во филмот ќе се појават и Џон Хем, Зази Битс, Ден Стивенс, Ник Оферман, Тиг Нотаро и многу други.

“Lucy In The Sky” во најголема мера се занимава со менталната состојба на астронаутите по долгите вселенски мисии. Овој филм донекаде е поврзан со астронаутката Лиса Новак која во 2006 година летала на мисијата со Дискавери и по враќањето започнала врска со колегата Бил Офелин. Меѓутоа, тој ја прекинал врската со неа и започнал нова со колешката Колин Шипман, што било болно за Новак. Таа подоцна била обвинета за обид за киднапирање на Колин и била отпуштена од НАСА и американската морнарица.

Точниот датум на премиерата на филмот сѐ уште не е соопштен, но познато е дека прикажувањето на филмот ќе започне оваа година.