Пристигна првиот трејлер за Mortal Kombat 11

Пристигна првиот трејлер за Mortal Kombat 11

Видео играта која беше инспирација за многу филмови и серии, во април 2019 година ќе доживее свое ново продолжение.

Имено, во текот на “The Game Awards 2018” беше прикажана најавата на новата игра.

Mortal Kombat 11 е видео игра која изворно ја разви компанијата “Midway Games” во 1992 година.

Оваа хипер насилна борбена игра доаѓа на Nintendo Switch, Play Station 4, Windows PC и Xbox на 23-ти април 2019 година. Ед Бун, коавтор на оваа игра го откри првиот трејлер во кој се прикажува крвавата битка помеѓу Рејден и Скорпион.

Според официјалниот опис, Mortal Kombat 11 веќе во новото продолжение ќе има прилагодени ликови, а токму тоа прилагодување ќе придонесе играчите да создадат борци по сопствена желба.

Со тоа што оваа акциона игра изобилува со непријатни сцени, таа не е препорачлива за деца.