Пристигна првиот трејлер за Mission Impossible – Fallout

Пристигна првиот трејлер за Mission Impossible – Fallout

Во шестиот дел од оваа франшиза, Итан Хант се враќа повторно со нова бескомпромисна мисија во која се појавуваат и Хенри Кавил, Анџела Басет, Ребека Фергусон, Винг Рејмс, Сајмон Пег и Алек Болдвин.

Врз база на првиот трејлер за Mission Impossible – Fallout, се чини дека режисерот и сценарист Christopher McQuarrie и актерот во главна улога Том Круз се со тенденција да исполнат се што и до сега беше дел од франшизата за акциониот филм. Погледнете го трејлерот кој воедно по првпат беше пуштен за време на рекламен спот за Super Bowl овој викенд.

„Ликот на Круз, Итан Хант се соочува со последиците на некои свои постапки од минатото“ вели Christopher McQuarrie.

Најавниот трејлер започнува со кадар од кој дознаваме дека мисијата на Итан Хант тргнала на лошо. Ликот кој го игра Хенри Кавил, Аугуст Вокер, истакнува дека Хант е предаден и отфрлен од својата влада веќе неколку пати и се прашува кога ќе дојде моментот кога некој ќе се откаже од таа идеја и ќе сфати дека сето тоа е залудно. Следствено се презентирани бројни бркотници со мотоцикли, тепачки, пукање и бркотници со хеликоптер од кои буквално ќе Ви се крене косата на главата.