Пристигна првиот гејмплеј за популарната видео игра на Sony – “The Last of Us Part II”

Пристигна првиот гејмплеј за популарната видео игра на Sony – “The Last of Us Part II”

Sony го објави својот нов и прв трејлер за играта “The Last of Us Part II”, една од најочекуваните видео игри за PlayStation, во која се појавува Ели како лик со кој може да се управува. О

Трејлерот ја прикажува Ели во мирно опкружување со пријателите, а подоцна како многу способна и опасна девојка во брутални борби. Од видеото може да се заклучи дека играта ќе биде “крвава” токму како и претходното издание.

“The Last of Us Part II” е една од високобуџетните нови игри на пазарот со одлична приказна, кои се наменети за конзолата PlayStation 4. Конзолата на Sony навистина има одлична година, за која значително придонесоа и сличните игри како што се “Horizon Zero Dawn” и “God of War”.

Студиото на Sony, “Naughty Dog”, сега има задача да ги оствари големите очекувања по првата игра “The Last of Us”, односно да понуди уште подобра приказна, можности и одлично искуство при играњето.