Пристигна новиот Мерцедес

Пристигна новиот Мерцедес

Четвртата генерација на “GLE” моделот на Мерцедес е се поблиску до премиерата, а германската компанија во меѓувреме објави тизер на кој што открива како изгледаат предните светла на новиот џип.

Најновиот тизер на Мерцедес го открива екстериерот, односно редизајнираната предна маска и новите Full LED светла.

The New Mercedes-Benz GLE | First Teaser

The SUV trendsetter completely reconceived – the new Mercedes-Benz GLE.

Posted by Mercedes-Benz on Saturday, 8 September 2018

 

Иако мал број на сопственици на “GLE” се одлучуваат за offroad возење, сепак од Мерцедес се фокусираа на подобрување на способностите на овој автомобил на тешките терени, со цел да биде што е можно поопасен ривал на Range Rover.

Системот Active Body Control е унапреден, а на возачите ќе им биде на располагање и Off-Road Plus мод кој ќе го подигне возилото за 50 милиметри. Купувачите исто така со доплата ќе можат да добијат и воздушна суспензија за уште подобра удобност.

Предната камера ќе скенира се што се наоѓа пред “GLE” и тие информации ќе се испраќаат до суспензијата со цел да се направат потребните подобрувања, за возачот и патниците што е можно повеќе да уживаат во удобното возење.

Новиот “GLE” е базиран на “MHA” платформата, а ќе пристигне и во “GLE 43” верзија, како и во уште посилна, хибридна “GLE 53” верзија. Секако, најмоќен од сите ќе биде “GLE 63”, но тој модел на пазарот ќе се појави нешто подоцна.

Се очекува претставувањето да биде во следните неколку дена, додека пак официјалното деби на “GLE” е закажано за октомври на Саемот за автомобили во Париз.