Пристигна Божиќната честитка од Кралската палата

Пристигна Божиќната честитка од Кралската палата

И овој пат со нетрпение се очекуваше британското кралско семејство, поточно Кејт Мидлтон и принцот Вилијам да ја објават фотографијата за божиќната честитка од нивното среќно семејство.

Фотографијата и овој пат ги освои сите, а главни ѕвезди во ова семејство е принцезата Шарлот и принцот Луис.

Најмладите членови на семејството од Кембриџ, принцовите Џорџ (7) и Луис (2) и принцезата Шарлот (5) и овој пат го украдоа целото внимание на официјалната божиќна честитка која ја сликаше фотографот Мат Портеоус на нивниот селски имот во Норфолк – „Anmer Hall“.