Принцот Вилијам ја бакна Рита Ора

Принцот Вилијам ја бакна Рита Ора

Принцот Вилијам, присуствуваше на хуманитарна забава каде беше и албанската пејачка Рита Ора.

Поради строгите кралски правила, сите членови на семејството не треба да покажуваат нежности во јавност, а секако истото важи и за Вилијам.

Сепак, тој на оваа хуманитарна вечера како да заборави на правилата возбуден од пејачката Рита Ора.

Пред многубројните камери и фото репортери, принцот ја бакнал пејачката што наишло на многу реакции на социјалните мрежи – додека едни се радуваат поради тоа што принцот бил спонтан, други сметаат дека тој го прекршил протоколот затоа што требало да ја бакне својата сопруга како што тоа го направил принцот Хари.

Инаку, на настанот Вилијам бил во друштво на принцезата Беатрис, додека пак неговата сопруга Кејт Мидлтон останала дома.