Принцот Хари во Вегас направил штета од 30.000 фунти

Принцот Хари во Вегас направил штета од 30.000 фунти

Принцот Хари додека бил помлад постојано им задавал главоболки на своите родители со своето непристојно однесување.

Сега на виделина излезе приказна од 2012 година, кога принцот се забавувал во Лас Вегас, предизвикал штета и го посрамотил семејството.

За време на престојот во луксузниот хотел во Вегас, Вин, каде ноќевање чини до 5.000 фунти, тогаш 27 годишниот принц и неговите пријатели се забавувале прилично долго и жестоко. Така настанаа и фотографиите од голиот Хари како ги прикрива интимните делови позирајќи покрај гола жена која му правела друштво.

Споменатите фотографии на кралското семејство му донесоа многу проблеми и хаос во дворецот, а принцот наводно направил штета од 30.000 фунти. Сепак, не морал да плати. Според наводите на документарецот “Spending Secrets of the Royals”, експертката за кралско семејство Кејти Никол тврди дека сметката ја подмирил сопственикот на хотелот, милијардерот Стив Вин.

“Стив Вин, сопственикот на хотелот во кој престојуваше Хари, само ја избриша сметката”, открила Никол. Сепак, Хари се извини поради целата ситуација и признал дека ги изневерил.

“На крајот од денот веројатно се изневерив и себе си и своето семејство и сите останати луѓе. Но, тоа беше класичен пример последица која на мене остави премногу работа со војската, а премалку со кралските работи”, изјави принцот Хари и истакна дека развил три личности, една под влијание на војската, друга под влијание на семејството и трета во приватни моменти.

Конечно, принцот признал и дека неговиот татко секогаш се обидувал да го потсети на тоа кој е и што треба да направи за да биде среќен.

“Тешко е да се заборави кој сум додека бев во војска. Сите носат исти униформи и ги прават истите работи”, заклучи Хари кој сега живее посмирен живот и заедно со Меган го очекуваат своето прво дете.