И официјално Принцот Хари ќе се жени со Меган Маркл!

Принцот Хари и американската глумица Меган Маркл се верија, пишува во соопштението од Кенсингтонската палата, а свадбената прослава ќе се одржи на пролет 2018 година.

“Принцот Хари ги извести членовите на неговото семејство како и кралицата Елизабета Втора. Тој исто така побара благослов и од родителите на Меган”, пишува во соопштението кое било објавено на Твитер.

Парот се верил овој месец и ќе живеат во Кенсингтонската палата. Повеќе детали околу венчавката ќе бидат објавени со текот на времето.

Од палатата исто така го истакнаа сопштението и од родителите на Меган:

“Ние сме многу среќни за нашата ќерка и Хари. Нашата ќерка секогаш била добра личност. Кога ја гледаме заедно со Хари, кој ги има истите квалитети како неа, е извор на голема среќа за нас како родители.”

“Им посакуваме доживотна среќа и многу сме возбудени за нивната иднина”, пишуваше на крајот од соопштението.