Принцот Џорџ го прослави шестиот роденден

Принцот Џорџ го прослави шестиот роденден

Малиот принц Џорџ го покажува својот ведар дух на официјалните портрети кои британското кралско семејство ги објави по повод неговиот шести роденден.

Слаткото момче позира насмеано на фотографиите направени во градините на Кенсингтонската палата. Зад фото-објективот повторно застана неговата мајка Кетрин.

Принцот Џорџ е најголемото дете на принцот Вилијам и војвотката Кетрин и е трет во редот на престолонаследници.