Принцезата Кејт Мидлтон месецов ќе се породи по трет пат

Принцезата Кејт Мидлтон месецов ќе се породи по трет пат

Принцезата Кејт Мидлтон месецов ќе се породи по трет пат во најлуксузната болница во Англија која нуди специјален третман на мајките и нивните новороденчиња.

Оваа болница според анализите на светските медиуми лесно може да се мери со најлуксузните хотели со пет ѕвезди.

Од вкусна храна по сечија желба до најдобри вина и наздравување со шампањ по раѓањето на детето.

Принцезата Кејт официјално на породилно отсуство замина на 22 март, а се очекува да се породи околу 27 или 28 април, а доколку се породи на 29 април парот ќе има дупли повод за славење покрај нивната годишнина од бракот.

Инаку медиумите открија и еден детаљ кој ги изненади сите, а тоа е цената која изнесува 7 илјади долари за една ноќ престој во болницата.