Пријанка Чопра доминираше на улиците во Њујорк

Пријанка Чопра доминираше на улиците во Њујорк

Една од најубавите жени на светот плени со својот изглед каде и да се појави.

А, иако воопшто не треба да се труди за да го направи тоа, глумицата и поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра секогаш е тип-топ средена.

Вчера таа прошета низ улиците во Њујорк во два различни аутфити, впечатливи изданија во кои никако не можеше да помине незабележано.

https://www.instagram.com/p/BvNmpHYnIli/

За своето прво појавување облече разиграна тоалета со точки од брендот Philosophy која е комплетна провидна па под неа носеше црно боди.

Изгледот го надополни со впечатливо ланче, чанта во стил на 90-те години и црни лобутинки со голема машна, а секако својот аутфит го покажа на Инстаграм.

А, дека ова издание не беше доволно провокативно, за своето второ појавување во град, Пријанка облече уште еден провиден фустан припиен на телото.

Со црвениот фустан од модната куќа Том Форд ги нагласи своите женствени облини во што ѝ помогна широкиот каиш на струкот. Пријанка одважно го искомбинира фустанот со розови сандали и покажа дека оваа некогаш забранета комбинација на бои всушност изгледа неодоливо.