Претворете ја терасата во идеална мала бохо оаза

Претворете ја терасата во идеална мала бохо оаза

Летните горештини полека почна да пристигнуваат, а сите знаеме дека во тој период терасите стануваат омилено место каде што сакаме да пиеме утринско кафе и да поминуваме мрзливи, жешки попладниња, но и забавни вечерни собири со најблиските.

Летното уживање може да биде максимално дури и без плажа и море. Нежните, земјени тонови сè уште се најпопуларни, а со комбинација на природни бои и материјали како што се мега-популареното дрво и природните ткаенини, вашата тераса може да стане вистинска мала бајка. Не мора да потрошите богатство за украсување; внесувањето детали, како што се внимателно дизајнираните вазни, перници, килими, како и деталите за седењето, секако можат да ја променат целата атмосфера на просторот!

Ги избравме најубавите парчиња за украсување на тераси кои ќе послужат како одлична инспирација и ве поттикнуваат да создадете своја летна оаза!