Претставена е новата Škoda Scala Edition S

Претставена е новата Škoda Scala Edition S

Scala Edition S е со повеќе перформанси од стандардната верзија.

Четири цилиндерскиот 1.5 TSI мотор со 6-степен мануелен менувач. Сепак, специјалистите од Кемптен ја „калибрирале“ машината на 190 КС и 290 Nm, што е зголемување за 40 „коњи“ и 40 Nm.

cala Edition S е достапна во премиум Monte Carlo трим, а покрај поголема моќност, добива и поцврста суспензија, со што телото се приближува до земјата за 15 милиметри. Тука се и 18-инчните ABT тркала, како и суптилни завршни работи во аеродинамиката, додека внатрешноста е збогатена со црна ткаенина за тапацир на седиштата и педали од не’рѓосувачки челик. Што се однесува до изборот на бои, тука се „челично сива“, „магично црна со бисерен ефект“ и „кадифено црвена премиум металик“.

Производството на овој автомобил ќе биде ограничено на 500 единици, а Škoda Deutschland е подготвена да прифати нарачки по цена од 33.790 евра.