Претседателот на ПСЖ ги забранил сите контакти со Барселона!

Претседателот на ПСЖ ги забранил сите контакти со Барселона!

Насер Ал Келаифи ги забранил сите контакти со раководството на Барселона во следните месеци.

Тој се почувствувал навреден од изјавите на својот колега Жосеп Бартомеу кој изјави дека се сомнева во чесноста на трансферот на Нејмар и ја мотивира УЕФА да почне нова истрага против францускиот шампион по правилото финансиски фер плеј. Освен тоа, Ал Келаифи е незадоволен од интересот на Барселона за Адриен Рабио кој четири пати одби да го продолжи договорот со ПСЖ.

Како резултат на револтот, парискиот клуб одлучи да не прати свој човек на семинарот на Камп Ноу кој треба да се одржи во ноември.