Претседателот на Ферари верува во својот тим

Претседателот на Ферари верува во својот тим

Луис Камилери верува дека и покрај лошиот старт на сезонава неговиот тим може да дојде до трофејот.

На трката за Големата награда на Шпанија, што викендов ќе се вози на патеката Каталуња, Ферари доаѓа со заостанување зад водечкиот Мерцедес, но како што се открива, тимот од Маранело за престојниов викенд носи нов аеро пакет и нова верзија на моторот.

Ги имаме сите потребни елементи и ресурси за да останеме конкурентни и да го освоиме шампионатот. Имаме двајца одлични возачи и одличен шеф на тимот. Ние сме сложни и решителни, па така извлекуваме максимум од нашите амбиции – изјавил Камилери.