Триото „Само Тони и две жени“ деновиве нè почести со уште една одлична преработка на македонски хит, а овој пат изборот падна на „Мучо денаро“ , оригиналната мексиканска песна „Cielito Lindo“, кај нас првично препеана со негови стихови во почетокот на 90-ите од Владо Јаневски.
„Еве ја нашата изведба на оваа малку подзаборавена песна која дефинитивно заслужува уште еден мандат“ – напишаа музичарите кои го сочинуваат триото: Антонио Ристески ( one man band), Марија Докузови и Христина Стојанова ( вокали), објавувајќи го своето ново музичко парче. Инаку, истото е дополнето со симпатично анимирано видео, кое го потпишува Ана Петрова.
Слушнете ја нивната верзија на „Мучо денаро“ и уживајте во анимираното видео филмче.