Премиера на новата Kia Sorento

Премиера на новата Kia Sorento

Со овој модел, компанијата ги подигнува стандардите за ефикасност и квалитет во средната класа на SUV модели, каде се позиционирани Stelos, Sportage и Telluride.

Од наведените, Sorento е првиот модел кој е базиран на новата SUV платформа на Kia. Истата е споена со голема кабина со цел да се добие поголем простор во патничкиот дел како и во делот за багаж. Воедно платформа овозможува Sorento да биде еден од најразноврсните и најголемите модели со три реда на седишта.

Новитет со новата генерација се новите електрични погони на „Smartstream“ – односно во четвртата генерација за прв пат се појавува хибридна верзија, која нуди поголема горивна ефикасност, пониски емисии и повисоки перформанси споредбено со неговите претходници.

Ова ќе биде најопремениот автомобил на Kia досега, благодарение на својата прогресивна поврзаност, асистенција на возачот и инфозабавни технологии. Неговите дигитални дисплеи кои се лесни за корисниците овозможуваат напредна графика, нови функции и поврзување со паметни телефони.

Предните светла се карактеризираат со ново дневно LED осветлување, додавајќи дополнителен фокус на дизајнот. Овој поостар, поизразен изглед е надополнет со широк отвор за проток на воздухот. Во профил, пропорциите на Sorento се суптилно прилагодени за да изгледа подолго. Новиот модел е 10 mm подолг од неговиот претходник (сега 4.810 mm), но сепак има пократки предни и задни делови. Дополнителната должина се наоѓа во меѓуоскиното растојание (резултат на новата платформа), кое пораснало за 35 mm или вкупно 2.815 mm. Воедно новата генерација е за 10 mm повисока. Инспириран од Telluride, Sorento ги усвојува новите вертикално поставени светла на задниот дел, кои се завиткани по страната на телото. Интересен момент е и долниот дел на задницата каде се издвојуваат двојните издувни цевки и заштитната плоча со што се добива естетика на голем SUV. Четвртата генерација на моделот дизајнерски следи и други неодамнешни модели на Kia, како што се Telluride и ProCeed, со името на моделот Sorento поставено централно преку задната врата.

Ентериерот на четвртата генерација на Sorento претставува чекор понапред во однос на квалитетот и дизајнот. Од првата генерација Kia Sorento во 2002 година, која на патниците им обезбеди практичен и стабилен простор, Sorento денес на сопствениците им овозможува нешто повпечатливо, попосакувано и поудобно. Една од најквалитетните внатрешности што се наоѓаат во која било Kia до денес – интуитивната, технолошко-ориентирана кабина на Sorento е опремена со материјали со врвен квалитет и врвен инфо-забавен систем. Во исто време, ја задржува просторноста и разноврсноста што го карактеризираше Sorento во текот на своето 18-годишно постоење. Атрактивната кабина го воведува софистицираниот дизајн од следната генерација, заснован на нови дигитални дисплеи во контролната табла. Оваа табла, со дисплеј од 12,3 инчи е спарена со инфо-забавниот систем и навигација кој пак е централно поставена преку екран од 10,25 инчи. Кабината на Sorento суптилно интегрира голем број други технологии, вклучително и достапен систем за амбиентално осветлување, безжичен полнач за паметни телефони, моќен систем на BOSE® и уште многу други ставки.

Што се однесува до моторизацијата, новитет се хибридните погони – први за Sorento – а купувачите ќе можат да изберат помеѓу класичен хибрид, како и plug-in верзија. Новиот „Smartstream“ хибриден погон комбинира 1.6-литарски T-GDi мотор со  полимерна батерија од 1.49kWh и електричен мотор со 44.2kW. Интелигентното пакување на новата платформа на Sorento значи дека батериите се наоѓаат под подот, со минимално влијание врз просторот за кабината или багажниот простор. Со електричен вртежен момент од 350Nm и 230 коњски сили, овој електрифициран погон комбинира ниски емисии на CO2. Новиот 1.6-литарски T-GDi мотор го одликува новата технологија на Kia, постојано променлива варијабилна технологија, регулирајќи го времето на отворање на вентилите според условите на возењето. Ова ја зголемува ефикасноста на моторот и ја подобрува горивната ефикасност. Моќта се испраќа преку 6-степен автоматски менувач и преку електричен уред со минимална загуба на енергија.

Тука е и новиот 4-цилиндерски дизел мотор кој произведува 202 КС и 440 Nm вртежен момент. Со нов алуминиумски блок, новиот мотор е полесен за 38,2 kg во однос на оној што се наоѓа во третата генерација Sorento. Овој агрегат може да се поврзе со новата 8-степена трансмисија со двојна спојка (8DCT).