Премиера на Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC

Премиера на Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC

Она што моделот GLS сега го нуди е врвен луксуз.

Електрично управуваните „ролетни“ ја диктираат количината на контактот со околината, а активната суспензија на Maybach овозможува супериорен комфор при возењето. Електрично контролиран е и панорамскиот подвижен покрив, како и климатизираните седишта со функција на масажа.

Фиксната централна конзола го претвора автомобилот во простран четворосед, а задниот дел е подеднакво погоден за работа и релаксација. Тука е и можноста за седишта кои се прошируваат, склопливи седишта, како и ладилник за шампаањско. Се разбира, во понудата има совршено ускладени сребрени чаши. И тоа не е сè, создаден е и соодветен мирис како дел од дополнителниот пакет Air Balance: цвет од бел османт (слатка маслина), миризлив и лесен, заокружен со мека кожна нота и зачински чај, велат од Mercedes.