Преку запалив мраз до нов вид на енергија

Преку запалив мраз до нов вид на енергија

Откога започнала индустријализацијата на јагленот, поголемиот дел од енергијата светот ја произвел од фосилните горива, кои се еден од најголемите извори на енергија денес и покрај новите обновливи и далеку почисти извори.

Сега, извештаи од Министерството за земјиште и ресурси на Кина велат дека успешно бил екстрахиран метан хидрат – познат и како „запалив лед“ од длабочините на Јужното кинеско море, на 300 километри од Хонг Конг. Тој бил донесен на површината и запален од 10 мај, а дневната екстракција изнесува над 10 000 кубни метри – 35 000 во еден од подобрите денови.

Иако метан хидратот не е сосема ново откритие, истражувачите имале потешкотии да го стават во практична употреба. Супстанцата е наречена „запалив лед“ бидејќи изгледа како лед, но е всушност метан заробен во решетки на молекулите вода. Депозити на метан хидрат обично се наоѓаат во области со ниски температури и умерен притисок, како што се океанските длабочини, што ги прави прилично непристапни.

Потенцијалот на светските депозити на метан хидрат би можел да ги надмине сите други фосилни горива, искомбинирани.

И покрај тоа што овој природен гас се смета за почист, бидејќи произведува 50% помалку јаглерод диоксид отколку јагленот, метанот сепак е фосилно гориво. Опасностите кои еден ваков извор на енергија ги има врз околината.