Предводникот на „Volkswagen“,„Arteon“,пристигна

Предводникот на „Volkswagen“,„Arteon“,пристигна

Предводникот на „Volkswagen“ во сегментот на лимузини, моделот „Arteon“, доби најмоќен агрегат.

„Arteon“ е зајакнат со 2,0-литарски четирицилиндарски турбомотор кој развива 270 KS и 350 Nm со „DSG“ автоматски менувач со двојно квачило.

Покрај погонот на сите четири тркала, како стандард, овој „Arteon“ забрзува од место до 100 km/h зa 5,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 250 km/h.

И покрај зголемената моќ и 4×4 погонот, новиот мотор според тврдењата од „VW“ би требало да биде реалтивно економичен.

Од „VW“ тврдат дека „Arteon“ со овој 2,0-литарски „TSI“ аграгат просечно троши 7 литри на 100 километри со емисија од 160g на „CO2“ по километар.

Погонот на сите четири тркала не влијаеше ниту на просторот, и овој моќен „Arteon“ има багажен простор од 563 литри, како и 1.557 литри со спуштена задна клупа.

Oсновната „Elegance“ везија со 18-инчни алуминиумски бандажи и 12,3-инчен мултимедијален систем, адаптивниот темпомат и фарови кои самите се нивелираат се движи од 43.000 eвра, додека за нијанса е поскапа „R-Line“ во која „Arteon“ доаѓа со 19-инчни бандажи, „R-Line“ браници и седишта.