Прашање на време е кога Ливерпул ќе го купи Диабала!?

Прашање на време е кога Ливерпул ќе го купи Диабала!?

Денешната ударна вест во фудбалот ја пласира Тутомеркато, овој дневен спортски весник од Италија тврди дека прашање на време е кога Ливерпул ќе го купи Дибала од Јуве.

Јирген Клоп разгледува опција за купување на елитен напаѓач, а акцентот паднал на Аргентинецот Паоло Дибала.

Споменатиот извор тврди дека Ливерпул подготвува терен за таква ситуација и дека во наредните недели, ќе се случи официјална понуда.

Дибала имаше не баша така добар период овие неколку месеци во Јуве, дури неколкупати влегуваше и во клинч со тренерот Алегри.

Аргентинецот се пресели во Јуве од Палермо во 2015 година, а според сегашните оценки на фудбалските стручнаци, Дибала вреди во моментов преку 100 милиони, кои веројатно Јуве ќе ги бара од Ливерпул доколку решат да го ослободат.